Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг моментно престојува во посета на Украина, изјави за ТАСС официјален претставник на Алијансата.
„Генералниот секретар на НАТО е во Украина. Ќе објавиме повеќе информации што е можно поскоро“, изјави претставникот на НАТО.
Претходно во текот на денот, украинскиот онлајн медиум Страна објави за посетата на Столтенберг на Украина.
Медиумот не даде никакви детали, но објави слика од генералниот секретар на НАТО како стои со украинските воени претставници.
The NATO Secretary-General @jensstoltenberg arrived in Kyiv! He was seen today morning paying tribute to the fallen Ukrainian defenders. #Ukraine #Kyiv #NATO pic.twitter.com/yjY6yR1tpI
— Promote Ukraine (@PromoteUkraine) April 20, 2023