Столе Димитриевски – голман на колото во шпанската Ла Лига

Maкедонскиот репрезентативец, Столе Димитриевски продолжува со одличните настапи во дресот на Рајко Валекано, а за викендот беше најзаслужен што неговиот тим славеше победа од 1:0 на гости кај Кадиз.

Димитриевски во првото полувреме одбрани пенал, но забележа и уште неколку одлични интервенции во второто полувреме.

До победата Рајо стигна со гол во самиот финиш. По таквиот негов настап, сосема заслужено беше избран за голман на колото.