Делегација на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, предводена од амбасадорката Џилиан Стирк, денеска оствари работна посета на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).
Како што информираат од АВМУ, главна тема на состанокот била работата на Агенцијата за време на Претседателските и на Парламентарните избори 2024 година, вклучувајќи ја правната рамка за изборното медиумско претставување, како и начинот на кој се реализира мониторингот на радиодифузерите во овој период.
На средбата амбасадорката помеѓу другото информирала за целите и опфатот на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за време на изборите.