Стинг – Запрете ја војната!

Легендарниот британски пејач Стинг објави видео на кое ја презентира својата „Russians“ од 1985 година. Песната се фокусира на нуклеарната анксиозност за време на Студената војна и изразува надеж дека САД и Советскиот Сојуз ќе најдат некакво единство пред да го уништат светот со нуклеарна војна. Стинг ја изведе како дел од иницијативата „Help Ukraine“ која испраќа лекови и хуманитарна помош до украинската граница со Полска каде има голем број бегалци.

„Ретко ја пеев оваа песна низ годините бидејќи не мислев дека некогаш повторно ќе биде релевантна. Но, земајќи ја предвид крвавата и целосно погрешна одлука на еден човек да го нападне својот мирен сосед, оваа песна повторно е молба за целото човештво. За храбрите Украинци кои се борат против оваа брутална тиранија и, исто така, многуте Руси кои протестираат против ова лудило и покрај заканата од апсење и затвор – Ние, сите ние, ги сакаме нашите деца. Запрете ја војната“ – напиша Стинг на својот Инстаграм профил.

https://www.instagram.com/tv/CavQo-xF4xp/?utm_source=ig_web_button_share_sheet