Стимул за професорите и наставниците во Грција – ваучер од 200 евра за купување лаптоп или таблет

Грчката влада ги стимулира сите професори и наставници во Грција, сите ќе добијат ваучер од 200 евра за купување технолошка опрема, таблет, лаптоп или слично.

Овој амандман вчера бил изгласан во грчкиот Парламент, а вакви ваучери ќе добијат над 160.000 просветни работници.

Конкретната мерка е вклучена во програмата „Дигитална грижа“, еден од првите проекти на Фондот за закрепнување, во вкупна вредност од 140 милиони евра, преку која веќе се доделени ваучери на над 500.000 деца и млади на возраст од четири до 24 години.