Стивен Сигал повика на единство против „злото на западниот свет“ и „борба за вистината“

Специјалниот претставник на руското Министерство за надворешни работи за хуманитарни односи, американскиот актер Стивен Сигал денеска го повика светот да се обедини против „злото на западниот свет“ и да се „бори за вистината и правдата“.

Зборувајќи на церемонијата на доделување на државните награди во салата Катерина во Кремљ, откако му беше врачен Орденот за пријателство, Сигал рече дека „војната во која сега сме вклучени“ е започната и финансирана од Западот.

Тој нагласи дека тоа е „војна на доброто и злото“ и дека сите региони, сите земји и сите народи мора да се обединат наместо да бидат контролирани со „медиумски лаги“.