Стивен Сигал ги посети жртвите од терористичкиот напад во Москва
Актерот Стивен Сигал денеска ги посети жртвите од терористичкиот напад во „Крокус сити хол“ во предградието на Москва кои се наоѓаат во Националниот медицинско-хируршки центар Н.И. Пирогов, соопшти прес-службата на Министерството за здравство на Русија.
Сегал рече дека овој напад е „страшна трагедија што не требаше да се случи“. „Мислам дека Русија ќе послужи како пример и дека светот ќе разбере дека тоа не може да му се прави на ниту еден народ и да остане неказнето“, рече тој, пренесува РИА Новости.
Според последните податоци на Министерството за вонредни состојби, во нападот загинале 143 лица.
Како што соопшти претходно денеска Рускиот истражен комитет, веќе се идентификувани телата на 84 жртви. Меѓу нив има пет деца на возраст од девет до 16 години. Нападот на концертната сала „Крокус“ во Красногорск кај Москва се случи во петокот вечерта, кога неколку вооружени терористи во маскирни униформи влегоа во објектот и отворија оган врз присутните.
Тие на повеќе места активирале експлозивни направи, што предизвикало пожар, поради што се урнал покривот, а концертната сала целосно изгорела.