Стефан Богоев – поранешниот градоначалник на скопската општина Карпош е назначен за нов директор на Царинска управа.
Тој за „Макфакс“ рекол: „Бев консултиран и прифатив“.
Богоев седнува во фотелјата на Славица Кутиров, која најпрво беше в.д. директорка поставена 2021 година, па реизбрана во февруари 2022 година.
Таа беше прва директорка која доаѓа од редот на вработените во институцијата.
Во биографијата на Богоев стои дека беше пратеник од СДСМ, а потоа и градоначалник на Карпош.
Тој е дипломиран економист на универзитетот „Американ колеџ“ – Скопје.