Стевчо Јакимовски и Билјана Ванковска се близу до 10.000 потписи за претседателска кандидатура

Бујар Османи, Арбен Таравари и Максим Димитриевски веќе ги собраа потребните потписи за претседателска кандидатура.

Билјана Ванковска од Левица има собрано 7.876 поддржувачи и повикува граѓаните да излезат и да се потпишат.

Стевчо Јакимовски има собрано 6.676 потписи. Тие двајца се најблиску до потребни 10.000 потписи.

Од останатите, Господин Попоски има 40 поддржувачи. Ѓорѓи Манасков има 267 гласови. Зорица Цветковска од „Десна“ има 140 потписи.

Мерсиха Смаиловиќ од Бошњачката партија досега има собрано 887 потписи.