Статистика не открива, премиерот очекува БДП во првиот квартал да е меѓу три и четири отсто
Утре ќе биде познато колкав бил растот на домашниот бруто-производ во првиот квартал годинава. Од Државниот завод за статистика не откриваат колку ќе изнесува растот на БДП, додека премиерот Христијан Мицкоски очекува тој да биде околу 3-4 проценти.

Одговарајќи на прашања на новинарите, пред свечената академија по повод 80 години од постоењето на Државниот завод за статистика, премиерот рече дека очекува првиот квартал од оваа година конечно да покаже едно консолидирање.
„Да бидеме во првите пет-шест економии во Европа во првиот квартал според процентот на раст на БДП. Би се задржал на онаа бројка која што претходно ја имам комуницирано, помеѓу три и четири проценти“, изјави Мицкоски.
Запрашан дали го дели оптимизмот на премиерот, директорот на Државниот завод за статистика Дејан Станков рече дека податокот за БДП ќе биде објавен утре во 12 часот со цел сите заинтересирани во ист момент да ја имаат таа информација.
„Она што е битно, е што нашите податоци и податокот за БДП се изработува по меѓународните стандарди, конкретно по ЕСА 2010 методологијата. Податоците се целосно хармонизирани и споредливи со меѓународните организации, така што да сочекаме утре и да видиме кој е растот на БДП“, рече Станков.