Почнува реконструкцијата на Универзалната сала, симболот на град Скопје и култното место во кое се организираа бројни културно-уметнички перформанси, фестивали, концерти, настани.
Министерството за култура неодамна со договор ги презема од Град Скопје правата за реконструкција и адаптација на Универзалната сала
Минатата недела е распишана втората фаза со меѓународен тендер. За три години се очекува целосно да биде готов објектот.
Реконструкцијата почна во 2021 година, а работите стојат во место со години, ќе продолжи, најави претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Тој вината за стопираните работи ја префрли кај градоначалничката Данела Арсовска откако реконструкцијата започна во време на Петре Шилегов.
„Она што го почнавме пред повеќе месеци, ќе добие епилог. Ќе го вратиме симболот на модерно Скопје. Уште генерации и генерации ќе уживаат во Универзална сала. Реконструкцијата се очекува да заврши во 2026 година, кога објектот треба да ги прими првите посетители. Кога Министерството за култура ќе ја финализира градбата, ќе го предаде во Град Скопје“, рече Ковачевски.