Стармер во британскиот Парламент: Неопходно е да се обезбеди траен мир во Украина

Стармер нагласи дека мора да се осигура дека САД, Велика Британија, Европа и Украина соработуваат и дека не треба да има поларизација меѓу САД и Европа кога станува збор за решавање на украинскиот конфликт.

Британскиот премиер Кир Стармер денеска пред британскиот Парламент изјави дека е неопходно да се обезбеди траен мир во Украина и дека затоа се потребни безбедносни гаранции за Киев за да се избегнат нови конфликти со Русија.

Стармер нагласи дека мора да се осигура дека САД, Велика Британија, Европа и Украина соработуваат и дека не треба да има поларизација меѓу САД и Европа кога станува збор за решавање на украинскиот конфликт.

Тој рече дека низ историјата Европа и САД никогаш не се спротивставувале и дека така ќе биде и сега, објави Гардијан.

Весникот наведува дека Стармер, сепак, суптилно се соочил со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс поради неговите коментари за европските трупи со отворање парламентарна седница на која пратениците поставувале прашања до членовите на владата, оддавајќи им почит на британските војници кои загинаа во Авганистан.

Стармер рече дека британските војници во Авганистан загинале борејќи се за Британија заедно со сојузниците.

Венс во вторникот негираше дека не ги почитува Велика Британија и Франција, откако неговата изјава дека се во тек планови за испраќање на околу 20,000 војници во Украина во мировна мисија од земја која не била во војна 30 или 40 години наиде на критики од британските и француските политичари и ветерани кои рекоа дека тоа значи непочитување на стотиците војници кои се убиени борејќи се заедно со американските сили во Авганистан и Ирак.

Џеј Ди Венс рече дека е „апсурдно неправедно“ да се сугерира дека ги критикувал британските или француските војници во неговите коментари дадени во интервју за Фокс њуз во понеделникот.

Тој истакна дека мислел на други земји кои би можеле да испратат мировници во Украина. Само Британија и Франција јавно се обврзаа да испратат европски мировни сили во Украина.