Стапката на невработеност падна на 12,5%
Во второто тримесечје од 2024 година, бројот на активното население е 790.152 лица, од кои вработени се 691.736, а 98.416 лица се невработени, објави државниот завод за статистика.
Стапката на активност во овој период е 52,1, стапката на вработеност 45,6, додека стапката на невработеност е 12,5.
Споредено со првото тримесечје од годинава кога активното население изнесуваше 788.909 лица имаме прилив на 1.243 луѓе, а кај бројот на вработени имаме зголемување за 4.385 лица, а бројот на невработени се намалил за лица.3.142 лица.
Најголем број од вработените 133. 897 се во преработувачката индустрија.
Нешто помалку 101.115 се во трговијата и во земјоделството каде што има 64.265.
Најмалку вработени 5.739 има во рударството.