Станале директори на училишта со фалсификат сертификати за англиски јазик
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривични пријави и против В.Г.(37) и 41-годишната Д.Д.Г., двајцата од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.

Пријавените набавиле лажни сертификати за познавање на англиски јазик и ги употребиле на 15.01.2024, односно на 01.06.2023 при аплицирање на јавен оглас за избор на директори на основно и средно училиште во Македонска Каменица.
Врз основа на приложените документи тие биле избрани за директори на училиштата, а по дополнителни проверки од Отсекот за компјутерски криминал Штип било констатирано дека нивните сертификати за познавање англиски јазик се фалсификувани.