Ставен под контрола пожарот во близина на црквата „Свети Спас“

Под контрола е пожарот кој избувна вечерва во стара куќа во близина на црквата „Св.Спас“ на влезот на Старата скопска чаршија. Засега не е позната причината за пожарот, а екипи на МВР ќе вршат увид.

Под контрола е пожарот кој избувна вечерва во стара куќа во близина на црквата „Св.Спас“ на влезот на Старата скопска чаршија. Засега не е позната причината за пожарот, а екипи на МВР ќе вршат увид.

-Во 19:43 часот добиена е дојава за настанат пожар во напуштена куќа на улица „Самоилова , веднаш беа испратени трои противпожарни возила кои со самото пристигнување затекнаа пожар во развиена фаза. Пламените јазици беа излезени надвор од кровната конструкција и од габаритите на самиот објект, изјави Звонко Томевски, командант на ППЗ Скопје.

Потоа, како што наведе тој, испратени се дополнително уште две возила и на лице место се 20 пожарникари кои интервенираат.

-Пожарот за кратко време е ставен под контрола. Успешно е интервенирано и не е дозволено пожарот да се прошири на соседните објекти. Сега се работи на догасување и на расчистување на теренот, рече Томевски.

Причините за пожарот, како што кажа, полицијата треба дополнително да ги утврди.

Според неофицијални информации во опжарената куќа најчесто се собирале бездомни лица.