ССМ: Прифатливо е минимална плата од 500 евра без зголемување на придонесите за неа
Сојузот на синдикати на Македонија подава рака за предлогот за 31.500 денари минимална плата, но без зголемување на придонесите на платата, кој го даде Комората на северозападна Македонија.
Сојузот на синдикати на Македонија подава рака за предлогот за 31.500 денари минимална плата, но без зголемување на придонесите на платата, кој го даде Комората на северозападна Македонија.
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов во „Топ тема“ изјави дека со ваков модел на зголемување на минималната плата ќе добијат и работниците и работодавачите, но и државата.
„Државата треба да разбере дека нема да загуби од придонесите за задолжително социјално осигурување. Само ќе добие дополнителни придонеси со задолжително социјално осигурување со растот на платите. Таа треба само да се откаже да не го добие тоа утре и да биде фер спрема бизнисот и работниците, да може работниците тоа да го добијат утре и бизнисот да може да си дозволи да го даде тоа утре на работниците, меѓутоа државата да го добие тоа друг ден“, вели Слободан Трендафилов, претседател на ССМ, јавува Телма.