ССМ: Политичарите честитаа Нова година со зголемени плати за 0%, покачена струја за 9,48% и парно за 14,05%

„Политичарите и пратениците на работниците им ја честитаа новата 2022 година со зголемена минимална плата и плати од 0%, зголемена цена на електрична енергија за 9,48%, зголемена цена на парно греењето за 14,05%…

Дојде времето вредната работничка рака да стане стисната тупаница

Бидејќи никој не се јави, одважи и ја изгласа иницијативата на ССМ за минималната плата на работникот да изнесува 60% од просечната или 18.000ден и усогласување и пораст на сите останати плати на работниците и да важи од 1 јануари 2022 година согласно порастот на сите животни трошоци: цените во продавниците, маркетите, пазарите, стујата, парното и се останато…

Им „заблагодаруваме“ на сите политички партии и ненародните пратеници за се што дозволија и оставија да се зголеми пред Нова година освен минималната плата и сите останати плати на работниците!!!

Ова покажува колку работникот е маргинилизиран и небитен за политичарите и ненародните избраници – пратеници!

Па затоа дојде времето вредната работничка рака да стане стисната тупаница во борбата за егзистенција!“ се вели во соопштението од Сојузот на синдикатите на Македонија.