ССМ повика на првомајски протест за повисоки плати и подобри услови за работа

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска повика на првомајски протест на кој ќе побара зголемување на минималната и на останатите плати и подобри услови за работа. Протестот ќе почне во 11 часот пред Работничкиот дом и на учество ги повикаа синдикатите здружени во ССМ и нивните членови, другите синдикати, работниците, граѓаните, борците и активистите за човекови права.

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска повика на првомајски протест на кој ќе побара зголемување на минималната и на останатите плати и подобри услови за работа. Протестот ќе почне во 11 часот пред Работничкиот дом и на учество ги повикаа синдикатите здружени во ССМ и нивните членови, другите синдикати, работниците, граѓаните, борците и активистите за човекови права.

– Сите кои му мислат добро на работникот да ни се придружат на овој 1 мај и преку протест да изразиме работничко незадоволство поради тоа што платите во Македонија се мизерни, не се зголемуваат онака како што е предвидено со колективните договори, и Владата и работодавачите одбиваат да ја зголемат минималната плата на 500 евра и да ги зголемат сите останати плати за најмалку 100 евра, рече претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

Недостоинствeните услови за работа и недоистоинствените плати, потецираше, се главниот мотив оваа година на 1 Мај да протестираме, а да не маршираме.

– Денес не е време кога треба да празнуваме, треба да менуваме традиција и ние како и сите останати земји во ЕУ да излеземе на протест и на тој начин да го изразиме работничкото незадоволство. Има многу причини ЗА, но ниту една ПРОТИВ излегувањето на протест на 1 Мај. Денеска не е време за пиво и скара. Денеска за жал огромен број на работници во приватниот сектор немаат добиено плата за мај како и огромен број институции во јавниот сектор. Колку ќе дојдете и колку ќе дојдеме толку ќе добиеме и толку ќе добиеме, затоа што не бројат и Владата и работодавачите. Работничката сила не само во СС туку во сите поддржувачи на работичкото движење. Затоа упатувам апел, поканата е отворена до сите кои сметаат дека треба да се приклучат на овој 1 Мај и заедно да покажаме дека минималната плата во Македонија е мизерна, односно најниска во регионот, рече Трендафилов.

На новинарско прашање претседателот на ССМ посочи дека процедурата за утврдување на репрезентативоста на Синдикатот без што не може да заседава Економско-социјалниот совет е на половина и оти на тоа чекаат веќе пет месеци.

– Преброени се половина од синдикатите и членовите на ССМ. Минатата и оваа недела, за жал, не беше закажана седница на Комисијата за утврдување на репрезентативност, ќе видиме дали тоа ќе биде направено наредната недела пред или после 1 мај, но она што е симптоматично е што на ваков начин се одолговлекува седницата на Економско-социјалниот совет а која треба да се договориме дали ќе има или не зголемување на минималната плата и дали ќе го одбијат предлогот на ССМ, рече Трендафилов, оценувајќи дека сите се против ССМ вклучително и Владата, работодавачите и останатите сидикати затоа што бараат зголемување на минималната плата и достоинствени услови за работа.

За ставот на премиерот синдикатите да се договорат со работодавачите за минималната плата Трендафилов рече дека пораките во изминатите два месеца од Владата кон работодавачите биле  никако да не седнат да разговараат со синдикатите за платите и колку можат да не напаѓаат посилно.  Владата, посочи, е најголемиот работодавач во Македонија и  како што направија во Србија и Црна Гора и ги зголемија платите треба да се одважи и да ги зголеми платите.

Според Трендафилов, клучно е што засега никој не го одбива вториот предлог на ССМ  работодавачите да бидат ослободени од плаќање на придонесите за разликата од 100 евра за да се стаса до 500 евра минимална плата. Работодвачите од тоа што јас го слушам се на иста линија со синдикатот, меѓутоа, стравот кој се создаде во изминатите два месеци ги одвраќа да седнат и да разговараат со нас и затоа можеби ЕСС не може да се состане затоа што ССМ се уште не може да ја добие репрезентативноста веќе сме петти месец, наведе Трендафилов.

Покрај на вработените во културата плата за март, рече дека според неговите податоци, не им е исплатена и на тие во Министерството за економија и труд и во Државниот пазарен испекторат, Државниот инспекторат за труд, во дел од Јавното обвинителство, во Водостопанство и во други институции во јавниот сектор.

– Работниците имаат право на тужби врз основа на колективните договори, но нас не загрижува е што некој свесно сака да предизвика крах на државниот буџет преку тужбите од страна на адвокатски канцеларии и адвокати кои потоа за адвокатски тарифи би зеле огромни адвокатски трошоци, рече Трендафилов.

Повтори дека поради трагедијата во Кочани не ја објавија вредноста на синдикалната потрошувачка кошничка за март и оти одлучиле тоа да се направи заедно со априлската. Во кошницата за март, соопшти, има  намалување од 6,7 проценти во делот на храната и пијалоци, што покажува дека и покрај донесената мерка голем дел на трговци не ја почитувале, таа не била контролирана затоа што беше најавено дека најмалку 10 проценти ќе има намалување на маржите.

– Клучно е што во април кошницата повторно бележи зголемување за 900 денари иако не е во делот на храна и пијалоци, имаме зголемување во делот на другите добра и услуги, и за жал сите го злоупотребуават моментот на штета на граѓаните и работниците и што нема доволно инспекциски контроли. Вредноста на синдикалната минимална кошница е основниот параметра од 2011 година кој покажува дека платите се ниски и дека е потребно нивно зголемување, за жал некој сакаше оваа статистичка операција да ја претвори во опеација за прехрана и затоа веројатно сакаат да изработат просечна кошница со која ќе каже на секое семејство што да јаде а што не во сезона  и што ќе му биде поскапо и поевтино, наведе Трендафилов, посочувајчи дека најбројни домаќинства во државава се со четири членови според последните податоци од пописот во 2021 година, а не со три члена, што пак е земено како параметар во пресметките на просечната кошница што ја најави Министерството за економија.