ССМ денеска ќе протестира пред Собранието. Најавено е дека ќе постават столчиња во знак на поддршка на членовите на Комисијата за финансирање и буџет да го изгласаат амандманот со кој се бараат средства во ребалансот на Буџетот за линеарна исплата на 2.806 денари во нето износ за вработените во јавниот сектор.
Од Синдикатот накавија дека пред Собранието ќе бидат поставени 14 столчиња, а протестот ќе почне во 13:30 часот и во тој временски период сообраќајот ќе биде во прекин.
„Собранието и Владата најважно е да го решат проблемот на работниците и да немаат работници кои не можат да си дозволат да си купат леб и да си платат сметки за струја. Жолтите картони денеска за пратениците кои еднаш гласаа против работниците, ќе станат црвен картон од работниците за пратениците кои се против нивните плати“ – велат од ССМ.
Генералниот штрајк во јавниот сектор почна на 22 јуни со барања за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари во нето износ за сите вработени согласно зголемувањето на минималната плата, потпишување на Општиот колективниот договор и исплата на К-15.