
ССМ го почна првомајскиот протест за повисоки плати и поголеми права на работниците
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) претпладнево пред Работничкиот дом го почна протестот за повисоки плати и подобри услови за работа.
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) претпладнево пред Работничкиот дом го почна протестот за повисоки плати и подобри услови за работа.
На Меѓународниот ден на трудот 1 Мај, ССМ го актуализира барањето минималната плата да биде 500 евра, сите останати плати да бидат зголемени за 100 евра и да се почитуваат колективните договори и работничките права.
-Денеска работниците имаат многу причини да протестираат, а малку да празнуваат. Денеска протестираме за плата, денеска одиме пред Собрание, Стопанска комора и Влада да кажеме дека бараме 500 евра минимална плата, дека бараме за 100 евра зголемување на сите останатите плати, да бараме почитување на колективните договори за зголемување на платите и дека бараме пристојна плата за секоја работа, истакна Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.
Од зборното место, членовите на овој синдикат и претставници од други синдикати се упатија кон Собранието, а потоа протестниот марш ќе продолжи кон Стопанска комора и пред Владата за да ги соопштат нивните барања.