ССМ: Во четврток протест пред Стопанска комора, во вторник пред Влада

Со барање минималната плата да се зголеми на 600 евра, како и останатите примања да пораснат за најмалку 100 евра, Сојузот на синдикати на Македонија ССМ денеска одржа протест пред Собранието.

Со барање минималната плата да се зголеми на 600 евра, како и останатите примања да пораснат за најмалку 100 евра, Сојузот на синдикати на Македонија ССМ денеска одржа протест пред Собранието.

Од ССМ најавија дека синдикалните активности ќе продолжат и во наредните денови. Во четврток е најавена блокада на Стопанската комора, додека во вторник протестите ќе продолжат пред Владата.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, упати остри критики кон носителите на извршната и законодавната власт, изразувајќи очекување премиерот и министрите до своите работни места да дојдат пеш, а не со службени возила, за да се соочат со работниците.

Тој информираше дека за време на протестот пред Владата, работниците ќе бидат распоредени на две локации, со цел поголема видливост на барањата.

Трендафилов ги прозва и пратениците, наведувајќи дека дел од нив наводно пристигнале на работа во раните утрински часови за да ја избегнат средбата со демонстрантите. Според него, за денешниот ден тие не би требало да побараат надомест за патни трошоци.

„Ќе побараме од претседателот на Собранието, преку барање за пристап до информации од јавен карактер, да нè информира кој пратеник побарал патни трошоци за денешниот ден. Јавноста треба да знае дали некој наплатил 100, 150 или 200 евра за доаѓање на работа“, изјави Трендафилов.