„Срце за 63 светлини“ – ѕвездено небо на градскиот плоштад во Куманово

Кумановци, вечерва со почеток во 20 часот на градскиот плоштад ќе оддадат почит на починатите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, информираа денеска од општина Куманово.

Кумановци, вечерва со почеток во 20 часот на градскиот плоштад ќе оддадат почит на починатите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, информираа денеска од општина Куманово.

Во знак на сеќавање и почит кон прерано згаснатите животи во трагичниот настан во Кочани, на кумановскиот градски плоштад, ќе се одржи достоинствен помен „Срце за 63 светлини“, со поддршка на Фондацијата за култура и спорт Куманово и Општината.

Ѕвезденото небо ќе биде посветено на 63-те ангели, со праќање на порака и поддршка до семејствата на жртвите, искажувајќи сочувство во нивната болка, меѓу нив и на кумановецот Филип Стевановски.

Пред трагичната смрт, Стевановски беше директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип.

Роден во Куманово, Стевановски беше уметнички директор на „Џез фестивалот“, продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистер по џез науки, а вработен беше како професор во Државниот музички училишен центар (ДМУЦ) „Сергеј Михајлов“ – Штип.