Српското МВР уапси четири лица за користење детска порнографија

-Податоците за криминалните дејствија се прибирани преку платформата „Те чувам“, која укажувааше и на обиди за физички средби со деца, како и преку платформата на Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца (NCMEC) од САД, со кои продолжи успешната соработка, соопштија од МВР.

Во Србија во полициската акција Армагедон уапсени се четири лица поради користење детска порнографија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Припадниците на МВР, Одделот за борба против високотехнолошкиот криминал на Техничката управа, во соработка со Специјалното одделение за борба против високотехнолошкиот криминал на Вишото јавно обвинителство во Белград и полициските одделенија во Белград, Крушевац и Нови Сад во продолжение на акцијата „Армагедон“ ги уапсија М. Ј. (2001) од Трстеник, Ј. С. (1989) од Белград, В. М. (1961) од Нови Сад и Ј. А. (1990) од Сремски Карловац, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело прикажување, прибавување и поседување порнографски материјал и искористување на малолетно лице за порнографија, соопштија од МВР.

Тие се сомничат дека подолг период преку интернет симнувале, чувувале и споделувале содржини создадени со искористување на деца за порнографски цели. При претресот на становите што ги користеле осомничените, во нивните компјутери полициските службеници пронашле фотографии и видео снимки на сексуална експлоатација на деца.

Податоците за криминалните дејствија се прибирани преку платформата „Те чувам“, која укажувааше и на обиди за физички средби со деца, како и преку платформата на Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца (NCMEC) од САД, со кои продолжи успешната соработка, соопштија од МВР.

На осомничените им е одреден притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени пред надлежното обвинителство.