
Српските студенти не се добитници на „Сахаров“, наградата е за новинари од Белорусија и од Грузија
Студенти од Србија беа номинирани за наградата Сахаров, што ја доделува Европскиот парламент за слобода на мислата.
Српските студенти не се добитници на овогодинешната награда Сахаров. Студенти од Србија беа номинирани за наградата Сахаров, што ја доделува Европскиот парламент за слобода на мислата.
Добитници на овогодинешната награда Сахаров за слобода на изразување се притворениот новинар Анджеј Покобот од Белорусија и новинарката Мзија Амаглобели од Грузија, објави претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола.
Мецола рече дека е нејзина привилегија да ја објави одлуката на Конференцијата на претседатели.
Таа рече дека другите финалисти – студентите од Србија и новинари и хуманитарни работници од Палестина и конфликтните зони – ќе бидат поканети на церемонијата на доделување на наградите.
Наградата ќе му биде доделена на лауреатот на 16 декември во Стразбур.