„Србија се обидува да донесе целосно независни одлуки во однос на својата судбина“ – изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Селакови.
Тој додаде дека „во наши раце се постапките на Србија кога станува збор за одредени барања во процесот на евроинтеграциите“.
„Ние не воведуваме санкции кон Руската Федерација, но она што ни е приоритетна цел е побрз европски пат, да го промениме општеството, да го зајакнеме владеењето на правото, да привлечеме што е можно повеќе инвестиции, да бидеме некој што сериозно ја одржува финансиската дисциплина во јавните финансии во исто време кога тоа не можете да го најдете во речиси ниту една земја во Европа“ – изјави Селаковиќ.
Наведе дека Србија мора да се прилагоди на одредени околности, европски, глобални.
Како причини за влезот на Србија во евроинтеграциите, Селаковиќ наведе дека речиси 65 отсто од трговијата се одвива со членките на ЕУ, дека најголемите инвеститори и индивидуални донатори се од ЕУ, дека Србија има стотици илјади работни места поврзани со компании во сопственост на членките на ЕУ, дека четири од осумте соседи се веќе во ЕУ.
Тој кажа дека цената што треба да ја плати Србија е онаа што ја платиле другите земји кои влегоа во ЕУ.
„Мора да се обидеме да таа биде што помала, да добиеме што е можно повеќе за што е можно помалку, тоа е правило на рационален бизнис, правило на добра управа“ смета Селаковиќ.