Српскиот шеф на дипломатијата во посета на Словенија
Како што јави агенцијата СТА, „министерката за надворешни работи Тања Фајон денеска ќе биде домаќин на својот српски колега Марко Ѓуриќ, со кого ќе разговара за билатералната соработка, приемот на Србија во ЕУ, односите меѓу Белград и Приштина и актуелните глобални прашања“.
Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Република Словенија, каде што ќе има средба со министерката за надворешни и европски работи на таа земја, Тања Фајон.
Како што јави агенцијата СТА, „министерката за надворешни работи Тања Фајон денеска ќе биде домаќин на својот српски колега Марко Ѓуриќ, со кого ќе разговара за билатералната соработка, приемот на Србија во ЕУ, односите меѓу Белград и Приштина и актуелните глобални прашања“.
Шефот на српската дипломатија за време на престојот ќе разговара и со премиерот Роберт Голоб, со претседателката на Народното собрание Уршка Клакочар Жупанчич, како и со градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија.