Српскиот патријарх со повик да запрат сите судири во државата

Српскиот патријарх Порфириј апелираше да се запрат сите судири и да се отфрлат зборовите и постапките што предизвикуваат болка и рани кај другите, нагласувајќи дека ништо не е поразорно од омразата, поделбите и насилството меѓу браќата и дека ништо не е поскапоцено од мирот и братската љубов.

„Денес, браќа и сестри, кога започнува Богородичен пост – време на молитва, воздржување и внатрешно размислување, со болка и длабока загриженост гледаме на немирите и конфликтите што ги потресоа нашите градови, нашите домови и нашите семејства во последните денови. Од престолот на Свети Сава, повикувам и апелирам до сите – без исклучок – да го запрат секој судир и да ги отфрлат зборовите и постапките што предизвикуваат болка и рани кај другите“.

Тој нагласи дека „имаме само една земја, имаме само еден народ и си требаме едни на други“ и дека затоа не треба да си дозволиме по секоја цена да „се повредуваме и прогонуваме едни со други на улиците и плоштадите“, соопшти Српската православна црква.