Српскиот патријарх Порфириј допатува во посета на Москва

Српскиот патријарх Порфириј допатува денеска во посета на Москва на покана на рускиот патријарх Кирил, каде Московската духовна академија ќе му врачи диплома на почесен доктор на богословски науки, соопшти Српската православна црква.

Дипломата ќе му биде дадена „за научен и просветен придонес во развојот на богословската наука и зајакнувањето на врските меѓу двата братски народи“.

Порфириј е придружуван од црковна делегација од СПЦ.

Двајцата патријарси в петок ќе отслужат литургија во манастирот Тројствена лавра на Свети Сергеј.