Српскиот патријарх Порфириј во посета на Струга и Охрид
Српскиот патријарх Порфириј на покана на архиепискотпот на Македонската православна црква г.г Стефан, од вчера е во посета на Струга и Охрид. По синоќешната богослужба во негова чест во манстирот Рождество на Пресвета Богородица во струшко Калишта, утрово двајцата поглвари и владиците од двете цркви го посетија и храмот Света Богородица Перивлепта во Охрид, Галеријата на икони, како и други цркви и културно историски споменици.
По одлуката на Вселенската патријаршија за отсранување на повеќедецениската шимза од МПЦ-ОА и долгогодишниот спор со СПЦ, српскиот поглавара Порфириј во неполн месец по втропат доаѓа во Македониај, овој пат во Охрид.
Поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан не даде изјава за медиумите. Петријархот Порфириј не сакаше да одговара на новинарски прашања, испрати куса пораки при неговата втора посета на Македонија.