Српска психијатарка за состојбата на Коста: Во процес на психолошко-психијатриско истражување е!

Родителите на учениците од белградското училиште „Владислав Рибникар“ и класот од кој беа убиени неколку ученици во минатонеделниот масакр, побараа професионално објаснување за тоа што ќе биде со убиецот Коста Кецмановиќ и каков статус ќе имаат неговите родители, бидејќи кај децата постои голем страв дека тој ќе биде на слобода.

Докторката од Клиниката за психијатрија на Клиничкиот центар на Србија, Маја Лачковиќ, во гостување на утринската програма на „ТВ Нова“ објасни што се случува во моментов со момчето и кои се следните чекори.

„Тој е во процес на психолошко-психијатриско истражување и преглед. Процесот е во тек, а епилогот ќе ни даде одговор на прашањата зошто и кој е виновен“, објаснува Лачковиќ.

Не можела да одговори на прашањето колку ќе трае целата процедура.

„Може да биде под опсервација подолг временски период. Зависи од тимот експерти што ќе се занимава со него, ќе подготват детален психијатриско-психолошки преглед и вештачење на неговата состојба и ќе донесат одлука што понатаму со него“, објаснува таа.

Според неа, времетраењето на целата постапка зависи од самиот Коста и од тоа колку сака да соработува.

„Треба да се направат тестови. Тој е под опсервација, треба да се водат долги разговори со него за да се дознае зошто и како“, заклучи психијатарот.