Српска антитерористичка полиција ликвидирала вахабиски лидер во Нови Пазар

Припадници на српската Специјална антитерористичка единица синоќа во Нови Пазар ликвидирале припадник на вахабиското движење при обид да го уапсат, пишуваат српски медиуми.

Вахабистот, идентификуван со иницијали С.Р., бил во бегство од крајот на јуни, а бил баран поради напад пред Амбасадата на Израел во Белград, кога од самострел бил ранет припадник на Жандармеријата.

Претходно бил осуден на 13 и пол години затвор поради пресметка со полицијата.

По отслужувањето на казната важел за лидер на вахабиите во Санџак.

Безбедносната агенција БИА го лоцирала на непристапен терен во атарот на селото Хотково, каде што била испратена специјална единица да го уапси.

Тој не се предал и отворил оган кон полицајците, кои возвратиле и го убиле.