Српската опозиција вo понеделник ќе протестира пред зградата на Владата

Парламентарните опозициски партии во Србија, ќе организираат во понеделник попладне протестен митинг пред зградата на Владата, соопшти Народното движење на Србија.

Парламентарните опозициски партии во Србија, ќе организираат вo понеделник попладне протестен митинг пред зградата на Владата, соопшти Народното движење на Србија, јавија српските медиуми.

Како што се додава во соопштението, на средбата ќе бидат изнесени следните барања:

1. Оставка на премиерот Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ

2. Објавување на сите тајни договори поврзани со реконструкција на Железничката станица во Нови Сад

3. Итно апсење на сите одговорни за убиството на 14 лица и ослободување на сите невини и незаконски приведени лица

4. Вонредна контрола на сите инфраструктурни проекти што се започнати или работени во изминатите 10 години.