
Српската министерка за енергетика: Руската страна е подготвена да го препушти НИС на трета страна
По осум одложувања, во почетокот на октомври стапија во сила американските санкции врз Нафтената индустрија на Србија (НИС), што е во мнозинска сопственост на Русија, една од најважните компании за функционирање на целата српска економија.
Руските сопственици на Нафтена индустрија на Србија испратија барање до американската OFAC со кое бараат продолжување на лиценцата за работа, врз основа на преговори со трета страна, објави денеска српската министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ.
Таа додаде дека Србија официјално го поддржала барањето.
„Во барањето се наведува дека руската страна е подготвена да ја отстапи контролата и влијанието врз компанијата НИС на трета страна“, изјави Ѓедовиќ Хандановиќ на Инстаграм.
„Државата Србија официјално го поддржа ова барање. OFAC веќе реагираше со одредени коментари и се надеваме дека ќе го изнесе својот став веќе во текот на неделата. Времето истекува и мора да се најде решение, но граѓаните не смеат да страдаат и да останат без гориво. Тоа нема и не смее да се случи“, рече Ѓедовиќ Хандановиќ.
По осум одложувања, во почетокот на октомври стапија во сила американските санкции врз Нафтената индустрија на Србија (НИС), што е во мнозинска сопственост на Русија, една од најважните компании за функционирање на целата српска економија.
Уште во јануари, САД објави воведување санкции врз една од виталните компании за економијата на Србија поради соработката со Русија, но тие беа одложувани до 9 октомври.
НИС е клучна компанија за снабдување на граѓаните на Србија со нафтени деривати, но и една од најважните за бруто општествениот производ и државниот буџет.