По вонредниот увид во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, потврдени се наодите на Центарот за социјална работа, Министерството за образование и Министерството за семејна грижа, дека во ова училиште немало врсничко насилство во однос на малолетното момче (13), кој го извршил масовното убиство, соопштуваат од Владата на Србија.
Токму затоа бараме од сите медиуми со должно внимание да се однесуваат кон овие информации и да не објавуваат непроверени и непотврдени информации, бидејќи со тоа продолжува процесот на трауматизирање на децата и родителите – велат од српската Влада.
Владата им се заблагодари на родителите, наставниците и на сите вработени во образовниот систем за разбирањето и поддршката.
Пред околу три недели девет ученици и еден чувар беа убиени од тринсесетгодишникот Коста Кецмановиќ во ова белградско училиште.