Српската Алта Групација се шири – по банката сега ја купува и осигурителната ЗОИЛ Македонија

Српската АЛТА Група продолжува со силно регионално позиционирање како единствен систем на финансиски институции, проширувајќи го својот деловен екосистем и во областа на осигурувањето.

Српската АЛТА Група продолжува со силно регионално позиционирање како единствен систем на финансиски институции, проширувајќи го својот деловен екосистем и во областа на осигурувањето.

По успешните инвестиции во банкарскиот сектор, нова членка на АЛТА Група станува ЗОИЛ Македонија АД Битола, која во наредниот период, по добивање на сите регулаторни одобренија, ќе работи под името АЛТА Осигурување.

Со овој стратешки чекор, АЛТА Група јасно ги потврдува своите регионални амбиции и намерата да биде еден од клучните финансиски актери на пазарот на Западен Балкан.

Со преземањето на ЗОИЛ Македонија АД Битола, АЛТА Група воспоставува интегриран модел на финансиски услуги во кој банкарството, лизингот, електронските и платните сервиси, како и осигурувањето, се обединети во рамки на еден силен и доверлив систем.

Алта Група која важи за блиска до Српскиот претседател Александар Вучиќ на македонскиот пазар влезе неодамна со купување на банката на Орце Камчев Стопанска банка Битола и предизвика реакции во јавноста.