
Српската Алта Банка ја објави намерата за целосно преземање на Стопанска банка Битола
Алта Банка АД Белград ја објави својата намера за упатување на јавна понуда за преземање на сите обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола. Понудената цена по акција изнесува 3.777 денари.
Алта Банка АД Белград ја објави својата намера за упатување на јавна понуда за преземање на сите обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола. Понудената цена по акција изнесува 3.777 денари, пишува „Бизнис инфо“.
Алта Банка АД Белград заедно со поврзаните лица поседува 19.439 обични акции или 4,97% од вкупниот број на обични акции издадени од Стопанска Банка АД Битола.
Како што е наведено во соопштението објавено на Македонската берза
„Согласно член 26-а став 3 од Законот за преземање на акционерските друштва, напоменуваме дека покрај согласностите кои се потребни од домашните овластени органи, тела и институции, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на претходната согласност од Народната банка на Република Северна Македонија, давањето на понудата за преземање е условено со претходно одобрување на стекнување од страна на Народна банка на Србија („Странско одобрение”) (имајте на ум дека одобрување од Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Србија веќе е добиено).