
Српската „Алта Банка“ доби дозвола да ја купи „Стопанска банка“ АД Битола
Српската Алта Банка и официјално може да настапи со понуда за купување на „Стопанска банка“ АД Битола, по цена за акција од 3.777 денари откако доби дозвола од Комисијата за хартии од вредност.
Српската Алта Банка и официјално може да настапи со понуда за купување на „Стопанска банка“ АД Битола, по цена за акција од 3.777 денари откако доби дозвола од Комисијата за хартии од вредност.
„Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 65-тата седница со која претседаваше Претседателката на КХВ М-р Бујаре Абази донесе Решение со кое на „АЛТА БАНКА“ АД Белград, Р. Србија и се издава дозвола за давање понуда за преземање на “Стопанска банка” АД Битола. Понудата за преземање се однесува на 371.538 обични акции со право на глас издадени од „Стопанска банка“ АД Битола, кои заедно со 19.439 обични акции со право на глас кои ги поседуваат преземачот и лицата со кој тој дејствува заеднички претставуваат 100% од нејзината основна главнина. Преземањето на хартиите од вредност ќе се врши по цена од 3.777 денари по акција.
Според преземачот, понудата ќе се смета за успешна доколку биде прифатена од акционери кои поседуваат најмалку 273.795 обични акции кои претставуваат 70,03% од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од „Стопанска банка“ АД Битола. При тоа, преземачот и лицата кои дејствуваат заеднички со него би поседувале 75% плус една акција од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од „Стопанска банка“ АД Битола, се вели во објавата од 65-та седница на Комисијата за хартии од вредност.
Понудата ќе се смета за успешна, доколку акционерите на Банката продадат минимум 70,03 отсто од акциите.
„Стопанска банка“ АД Битола има издадено вкупно 390.977 акции. Доколку сите акционери ја прифатат понудата, српската Алта банка вкупно ќе треба да плати 24,01 милиони евра за „Стопанска банка“ Битола.
Пред точно една година, Комерцијална банка сакаше да ја преземе во целост банката од Битола и нудеше по 3.200 денари за акција, но преземањето не беше поддржано од најголемите мнозински акционери.