Средба Џафери – Мишел: С. Македонија мора да ја искористи шансата за членство во ЕУ

Македонскиот премиер Талат Џафери, во рамки на посетата на Брисел, оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Ова е прва посета на Брисел на Џафери како премиер, и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, му честиташе за функцијата, нагласувајќи дека претстојниот период е од исклучителна важност за државата која треба да спроведе европски избори и да го задржи европскиот правец.

На средбата беа разменети ставови за поддршката на Европската Унија во процесот на евроинтеграции на Северна Македонија, како и за текот на реформските процеси во земјата кои се од исклучителна важност за напредокот.

Соговорниците констатираа дека обновениот моментум на ЕУ за проширување е добредојден и треба да биде поттик за спроведување реформи во земјите од Западниот Балкан, со фокус на Планот за раст на Западен Балкан и побрза интеграција во Европската Унија.

Премиерот Џафери на средбата истакна дека ЕУ перспективата останува главен двигател на промените но и помирувањето во Регионот.

Соговорниците на средбата истакнаа дека Северна Македонија негува одлични односи со сите земји од Западен Балкан.