Средба Путин – Ердоган

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган наскоро ќе се одржи во Русија.

„Средбата наскоро ќе се одржи во Русија, а во наредните денови ќе објавиме и официјално“ – најави Песков одговарајќи на новинарски прашања дали е точно дека средбата ќе се одржи во септември во Сочи, пренесува Риа Новости.

Претходно администрацијата на турскиот претседател соопшти дека посетата на Ердоган на Русија ќе се одржи пред самитот на Г20 во Индија.

Официјалниот претставник на владејачката партија Омер Челик потврди дека турскиот лидер наскоро ќе го посети Сочи.

Турскиот телевизиски канал Хабертурк во вторникот објави дека разговорите на лидерите ќе се одржат во Сочи на 4 септември.