„Европската интеграција на Западниот Балкан претставува национален интерес, како на земјите кандидати за членство, така и на членките на Европската Унија“. Ова е ставот околу кој се обединија министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговата колешка од Бугариај – Теодора Генчовска. Од македонското МНР информираат дека двајцата министри нагласија дека остануваат посветени кон процесот на приближување на регионот кон Европската унија и притоа ја акцентираа важноста на добрососедството и регионалната соработка, како влог во заедничката европска иднина.
„На средбата беше поздравен обновениот дијалог меѓу двете Влади, како и значењето на продолжување на интензивната комуникација на високо ниво, при што беше изразено уверување дека со новата динамика во контактите ќе дојде до преку потребното надградување на билатералните односи“ – се наведува во соопштението од МНР.
Оттамму посочуваат дека „посетата се случува на самата 30-годишнина од првото признавање на независноста на нашата држава, кое дојде токму од Република Бугарија, но ова е и прва посета на премиерот Петков на регионот на Западен Балкан воопшто, што испраќа многу важна и вредна порака за нашите односи, но не помалку важно и за нашиот динамичен и верувам поинаков пристап во надминување на предизвиците со кои се соочуваме, изјави министерот Османи по средбата, додавајќи дека е „важно да се идентификуваат конкретни чекори за соработка, преку иницијативи, активности и проекти во многу скоро време, за што двете Министерства за надворешни работи и другите ресори ќе дадат свој конкретен придонес“.