Претседателот Стево Пендаровски во Мадрид на НАТО Самитот, оствари кратка средба со британскиот премиер Борис Џонсон.
На средбата се разговараше за билатералните односи меѓу двете држави, како и за актуелните случувања и безбедносните предизвици поврзани со руската инвазија на Украина.
Во однос на билатералните релации, соговорниците изразија задоволство од развојот на севкупните односи кои ги карактеризира заемно пријателство, меѓусебна доверба и цврсто партнерство.
Претседателот посочи дека одбранбената соработка со Британија е динамична со постојана британска поддршка кон нашата Армија за градењето воени капацитети и интероперабилност со сојузниците во НАТО, а доказ за тоа е неодамнешната вежба која се одржа на Криволак во која учествуваа 2500 британски војници.