Во рамки на активностите на делегацијата на Република Северна Македонија на Самитот на НАТО, на средбата со конгресмените Пит Сешнс, Роберт Адерхолт, Џо Вилон, Џон Муленар, како и со Џејмс Џонс, пензиониран генерал и поранешен советник за национална безбедност на Барак Обама, учествуваше и претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Како што соопшти собраниската прес-служба, биле споделени размислувања на двете страни за македонските приоритети во светската безбедносна архитектура.
– Беа разгледани можностите за капитални економски инвестиции, а се потенцираше и посветеноста на новата Влада и сите државни институции во борбата против корупцијата и организираниот криминал, како предуслов за развој на државата и бенефит на сите нејзини граѓани, се вели во соопштението од Собранието.
Конгресмените изразиле поддршка на земјата, во контекст на сојузништвото во НАТО и нејзината европската интеграција.