Средба на претседателката Сиљановска Давкова со поглаварите и претставниците на верските заедници

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими поглаварите и претставниците на верските заедници наведени во Уставот:

поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан,
поглаварот на Исламската Верска Заедница, Реис ул Улема Хаџи Шаќир ефенди Фетаи,
поглаварот на Католичката црква, Скопски бискуп и епарх струмичко – скопски, Киро Стојанов,
суперинтендентот на Евангелско – методистичката црква, Марјан Димов,
претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви, како и
директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски.

На средбата таа се заблагодари за упатените честитки по повод нејзиното стапување на функцијата.

Претседателката ја изрази својата подготвеност за соработка со сите верски заедници и религиозни групи во државата, во интерес на меѓусебното разбирање и почит.

Ја истакна важноста на верските заедници во негувањето на соживотот, како важен предуслов за просперитетот и напредокот на државата и изрази увереност дека верските заедници ќе продолжат да даваат активен придонес во напорите за одржување и натамошен развој на добрите меѓуверски односи.