Средба на министерката Божиновска со Бјорн Габриел, Европска Инвестициска Банка
Министерката Сања Божиновска оствари средба со претставниците на Европската Инвестициска Банка во Македонија. Плодна средба која што беше главно фокусирана на реформите во енергетскиот сектор што Македонија ќе ги спроведе.
Министерката Божиновска беше информирана за тековните проекти на EIB во земјата, меѓу кои беше и интерконекторот за гас кој ќе поминува низ Македонија.
На крај беше изразена благодарност што EIB е партнер на нашата земја и е посветен на работата и развивањето на енергетскиот сектор во Македонија, со што соработката ќе продолжи и во иднината.