Синоќа во бугарската Влада, според бугарските медиуми, се одржал неформален состанок на претставници на досегашните владини коалициски партнери „Продолжуваме со промените“, „Демократска Бугарија“, БСП, но по средбата немало изјави за медиумите.
Ова, според медиумите, е во позадина на консултациите со претседателот на државата Румен Радев и одбивањето на „Продолжуваме со промените“ и БСП да одговорат на поканата на шефот на државата.
Наводно, синоќа во зградата на Владата биле Лена Бориславова и Андреј Ѓуров од „Продолжуваме со промената“, Атанас Зафиров од БСП и Владислав Панев од „Демократска Бугарија“.
Медиумите тврдат дека сите се обединети околу ставот да нема предвремени парламенентарни избори.
Радев ги заврши консултациите со партиите за доделување на мандатот за нова Влада. Тој не спомена точен датум, но најави дека наскоро ќе го додели мандатот.
Минатата недела кога беше изгласана недоверба на неговата влада, Петков најави дека прво ќе се разговара со независните пратеници кои ја напуштија ИТН, за да се види дали ќе им дадат поддршка.