Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска оствари средба со амбасадорката на САД, Ангела Агелер на кој меѓу другото беше претставен и новоименуваниот заменик шеф на мисијата во Скопје, Никол Варн.
Во рамки на средбата министерот Муцунски ја повтори благодарноста за долгорочната поддршка од страна на Соединетите Американски Држави за севкупните реформски процеси во земјата.
Заемно беше потврден интересот за одржување на континуитет во политичкиот дијалог помеѓу двете пријателски земји, продолжување на активностите во рамки на Стратешкиот дијалог, како и партнерската соработка во рамки на НАТО Алијансата, извести Министерството.
При тоа, беше реафирмиран силниот фокус на новата Влада кон забрзување на евроинтегративниот процес на земјата и испорачување на реформи кои ќе значат опиплив напредок за граѓаните, пред се во делот на обезбедување економски развој и унапредување на владеењето на правото, како и борбата со корупција, соопшти Министерството.