
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска во Лондон се сретна со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер.
– Во рамките на посетата на Самитот за Западен Балкан, остварив средба со британскиот премиер, г. Кир Стармер.
На средбата разговаравме за продлабочување на билатералната соработка и поддршката на Обединетото Кралство на земјите од регионот. Главата цел е Берлинскиот процес, односно средбите на највисоко ниво кои се одржуваат во текот на денот. Берлинскиот процес го организира лично премиерот Кир Стармер и сериозно сме посветени на реализација на Договорот Влада со Влада, објави премиерот Мицкоски на својот Фејсбук профил.
Во рамките на престојот во Лондон, премиерот Христијан Мицкоски претходно имаше средба и со британскиот крал Чарлс III.