Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа се сретна со италијанската премиерка Џорџа Мелони во Рим.
На средбата се разговараше за „планот за победа“ на Зеленски, кој во Рим допатува по посетите на Лондон и Париз.
Предвидено е Зеленски денеска во Ватикан да се сретне со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.
Во текот на денот Зеленски ќе отпатува за Берлин, каде се предвидени средби со германскиот канцелар Олаф Шолц и со претседателот Франк-Валтер Штајнмајер.