Средба Маричиќ – Бомгартнер: Поддршката од Франција за евроинтеграцијата на државата е цврста заложба за продолжување на процесот

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ се сретна со амбасадорот на Франција во земјава – Сирил Бомгартнер и новата француска експертка за ЕУ интеграции – Миа Матковиќ.

„Евроинтеграцијата е основа за стабилен и социоекономски развој на државата. Започнатите процеси во преговорите со ЕУ треба да продолжат да ја исполнуваат стратешката цел за полноправно членство, имплементација на Планот за раст на Европската Комисија со големи придобивки за сите граѓани на државата, регионот и Европа“ рекле соговорниците.

На средбата присутните се согласиле дека продолжува француската поддршка за Северна Македонија на патот кон ЕУ, потврдувајќи ја посветеноста на Франција за ЕУ интеграција на земјите од Западен Балкан.

Средбата имала за цел да ја претстави новата француска експертка за ЕУ интеграции која се приклучи на Секретаријатот за европски прашања во април годинава.