Македонскиот премиер – Димитар Ковачевски денеска во Истанбул ќе ја предводи владината делегација на средба со претседателот на Република Турција – Реџеп Таип Ердоган.
Средбата на премиерот Ковачевски со претседателот Ердоган, како што наведува владината прес-служба, е потврда на исклучително добрите односи со Турција и на неа е предвидено да се разговара за повеќе билатерални прашања од интерес на двете земји.